Андреевски одбра 16 јуниори за продолжението од подготовките за ЕП

112

Македонската кошаркарска јуниорска селекција веќе десетина дена помина во подготовки за она што ја чека во текот на ова лето – настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 26. јули до 4. август ќе се одржи во Скопје.

Период во кој селекторот на селекцијата „Под 18“ години, Горан Андреевски одбра со кои 16. кошаркари ќе го продолжи патот кон реализација на планираните цели. А тие како што вели Андреевски се граничат со пласман во полуфиналето на турнирот во Скопје.

„Мои очекувања, како селектор, за овој шампионат кој следува, се влез во финалните четири, односно борба за првите три места кои водат во ‘А’ дивизијата наредната година“ – вели самоуверено предводникот на нашиот јуниорски тим кој деновиве вредно се подготвува во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Во овој ритам ќе биде одработени и наредните десетина денови. А на почетокот на наредниот месец, закажани се и првите контролни натпревари.

„Токму така, продолжуваме со тренажниот процес во СРЦ ‘Кале’ во кој сега имаме на располагање 16. кошаркари. Она што е особено добро е што здравствениот биланс е како што посакуваме, на едно добро ниво. Првата ‘контрола’ ни е на 5. и на 6. јули, имаме двомеч со јуниорската селекција на Црна гора во Скопје, два натпревари во кои треба  да видиме во каква форма се играчите. Потоа имаме недела дена предвидена за корекции во играта, а на 12. и 13. јули ќе играме и со репрезентацијата на Романија, кога ќе можеме да зборуваме и за некои други детали поврзани со подготовките за настап на првенството на кое сме во улога на домаќини“ – дополнува Андреевски.

Инаку, подготовките ги продолжуваат следните 16. кошаркари:

Бојан Димитријев, Марко Лукановски, Андреј Стојановски, Атанасиј Трајанов, Стефан Стојковиќ, Јордан Кузманов, Давид Петрушевски, Даријан Димовски, Коста Ќириловски, Никола Јаничиќ, Андреј Чадамов, Сергеј Младеновски, Лука Маријановиќ, Сергеј Петровиќ, Матеј Митев и Ристе Букрлишев

ПретходноДанскиот селектор искрен: Се шокирав кога видов дека Србија почнува без Влаховиќ, Тадиќ…
СледноСпалети: Изгледа имаме „крт“ во репрезентацијата