По денешните четири натпревари во групите Е и Ф, ќе ги дознаее комплетните патници во осминафиналната фаза на Европското првенство во Германија.
Дуелите Словачка – Романија и Украина – Белгија се играат во терминот од 18 часот, а три часа подоцна, во истиот термин од 21:00 часот играат Чешка – Турција и Грузија – Португалија.
Ќе биде особено интересно да се види исходот од натпреварот меѓу Словаците и Романците, бидејќи со денови се најавуваше дека натпреварот може да заврши нерешено, што дефинитивно ги води двете селекции во следната фаза.
Исто така, во втората група ќе биде интересно да се види дали Турција може да извлече барем бод против Чешка по дебаклот против Португалија, која игра со дебитантот Грузија, откако веќе си го завери местото во осминафиналето.
Украинците против Белгија немаат друго решение освен победа. Интересно е што овие репрезентации ќе се сретнат за првпат во својата историја.
ЕП 2024 – ДЕНЕСКА
Група „Е“
18.00 Словачка – Романија (Франкфурт)
18.00 Украина – Белгија (Штутгарт)
Група „Ф“
21.00 Чешка – Турција (Хамбург)
21.00 Грузија – Португалија (Гелзенкирхен)