Аргентина победи со 1-0 над Чиле во вториот натпревар од групата „А“ на Копа Америка. Победата пред над 81.000 гледачи на „Метлајф“ стадионот во Источен Радерфорд значеше дека актуелните светски шампиони обезбедија пласман во нокаут фазата.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше најдобриот стрелец на италијанскиот шампион Интер, Лаутаро Мартинез, кој погоди во 88. минута откако претходно влезе од клупата за резерви. Во последните секунди Меси повторно асистираше до Мартинез, но тој по вторпат не успеа да погоди за поубедлив триумф на „гаучосите“.
Претходно, Канада ја оствари првата историска победа на Копа Америка откако го совлада Перу со 1:0 во натпревар од групата „А“ и направи голем чекор кон пласман во следната фаза. Голот за Канаѓаните го постигна ѕвездата на тимот Џонатан Дејвид во 74. минута.