Проблем за Аргентина, Меси се пожалил на повреда

122

Аргетина обезбеди пласман во четвртфиналето на Копа Америка, по победата над Чиле со 1-0 и стана првата репрезентација која успеа да завери билет за следната рунда.

По мечот „гаучосите“ имаат причина за загриженост, на повреда се пожалил Лионел Меси. Тој во првото полувреме побара медицинска помош.

„Почувствував непријатност во десната тетива на коленото. Ме мачи малку, но успеав да го завршам натпреварот, па се надевам дека не е ништо сериозно. Не знам, ќе видиме“, изјави Меси.

Во третото коло Аргентина ќе игра против Перу, останува да видиме дали на оваа средба ќе настапи Меси.

ПретходноУтврдени се термините за двомечот на Шкендија со Ноа во квалификациите во ЛК!
СледноПо дебаклот на Србија се огласи си Вучиќ: Има безброј проблеми, а вложивме многу пари!