Центарот на МЗТ Скопје А. од минатата сезона, Душан Танасковиќ, веќе е нов член на екипата на Мега и ќе игра во првата АБА лига следната сезона. Мега е расадник на млади таленти од кои голем дел завршуваат и во големите клубови.
Танасковиќ во дресот на нашиот првак минатата сезона во АБА 2 лигата имаше просек од 12,2 поени и 5,6 скока по меч.
Од МЗТ Скопје А. си замина ни Босанецот Харис Делалиќ кој имаше забележителна улога во тимот од Аеродром за една полусезона мината во Скопје. Тој се врати дома и ќе игра за екипата на Босна од Сараево.