УЕФА го казни Данскиот фудбалски сојуз со парична казна од околу 10.000 евра поради паролата која данските навивачи ја кренаа на мечот против Англија. ФС на Данска не сака да ја плати таа казна и ќе ја адресира до навивачите кои го распослаа транспарентот на трибините.
На него пишуваше „Е*и се УЕФА“.
„Не е фер казната да ја плати Сојузот. Ова ја загрозува нашата можност да го развиваме данскиот фудбал. Не знам до каде ќе одиме. Прво се надеваме дека ќе дознаеме кои навивачи се одговорни. Потоа ќе ги контактираме и ќе ги принудиме да си ја платат казната“, кажа директорот на ФС на Данска, Ерик Брогер Расмусен во интервју за дански „Болд“.
Ако навивачите не ја платат казната, ФС на Данска може да покрене судска постапка против нив.
20.06.2024 EURO 2024
Denmark🇩🇰 – England🏴https://t.co/P8gr9X1k2J pic.twitter.com/bQQiDqI76j— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) June 21, 2024