Новак Ѓоковиќ синоќа беше виден на „Алијанц Арената“ во Минхен како ги бодри фудбалерите на Србија на дуелот со Данска. Тој во неделата пристигна во Лондон, каде тренираше два дена, но не одговори дали ќе биде подготвен за настап на третиот Грен Слем оваа година
Ѓоковиќ во интервју за „РТС“ зборуваше за состојбата по повредата и операцијата на коленото.
„Опоравувањето оди како што треба, се уште не сум одлучил дали ќе играм на Вимблдон. Ќе знам за неколку дена. Се надевам дека ќе играм на Вимблдон, затоа што опоравувањето оди изненадувачки добро“, изјавил Ѓоковиќ.