Швајцарската фудбалска репрезентација тренира во Штутгарт и се спрема за дуелот со Италија во осминафиналето на Европското првенство. Познатата телекомуникациска кула во близина на тренинг комплексот е делумно затворена за да ги штити Швајцарците од потенцијални италијански шпиони.
Од кулата јасно се гледа тренинг базата на Швајцарците, па оваа кула е затворена додека Швајцарците се спремаат за осминафиналниот дуел со Италијанците. Тренингот е затворен и за новинарите и за навивачите.
Селекторот Мурат Јакин сака да има мир и тишина додека ја спрема тактиката за престојниот натпревар. Италија и Швајцарија ќе играат на 29 јуни во Берлин.