Ангеловски: Ова е само една одговорност повеќе за сите нас да покажеме уште повисоко ниво во сите сегменти

140

Македонскиот првак, Пелистер ги доби противниците во групната фаза во Лигата на шампиони за сезоната 2024/2025 година. Пелистер ќе игра во групата А против Висла, Веспрем, ПСЖ, Федериција, Спортинг и Динамо Букурешт.

„Повторно сме во кремот на европскиот и светскиот ракомет и повторно звездата ќе свети во Битола и во Македонија. Иако шампионот на Македонија беше под линијата која гарантира директно учество во Лигата на шампионите, ЕХФ ја препозна нашата клупска сериозност. Благодарение на нашата целокупна организација на натпревари од највисок ранг, на нашата прекоректна публика, заедно со нашите верни навивачи „Чкембари”, кои секогаш несебично не бодреа до последна секунда и на крај искрено ја честитаа победата на гостите, сосема заслужено ни ја додели „вајлд-картата“ за повторно учество. Ова е само една одговорност повеќе за сите нас да покажеме уште повисоко ниво во сите сегменти од нашиот спорт, вклучувајќи ги и резултатите.

Ова е еден огромен чекор напред и со играњето во Лигата на шампионите на македонскиот шампион, успеавме да го задржиме континуираното играње на македонскиот шампион во најдоброто натпреварување“, изјави Ангеловски. 

ПретходноПелистер ги доби противниците во ЛШ: Веспрем, ПСЖ… се дел од екипите кои ќе дојдат во Битoла
СледноМега скандал: Вања Милинковиќ-Савиќ се степал во кафеана во Минхен со српски фан за време на ЕУРО!