Дончиќ: Секогаш ми е чест да играм за Словенија

75

Кога Лука Дончиќ ѝ се приклучи на словенечката репрезентација на почетокот на оваа недела, сè уште имаше сомнежи дали една од најголемите НБА ѕвезди ќе игра за својата земја на претстојниот квалификациски турнир за Олимписките игри.

Тие сомнежи сега се дефинитивно отфрлени. Дончиќ во петок ќе игра на пријателски натпревар против Бразил, пред кој учествуваше на прес-конференцијата на словенечката репрезентација. Тој истакна дека не било лесно да се одлучи дека ќе игра бидејќи имал бројни проблеми со повредите во текот на сезоната. Повреди го мачеа и за време на финалето на НБА, кое заврши пред девет дена, во кое неговиот тим Далас загуби со 4:1 од Бостон.

„Секогаш ми е чест да играм за Словенија. Ќе играм секогаш кога можам, тоа секогаш го повторувам. Беше навистина тешко да се одлучам дека ќе играм сега поради повредите и должината на сезоната која е зад мене, но еве ме чест е да се биде овде.

За Словенија втор последователен настап на Олимписките игри би бил голема работа. Многупати се сеќавам колку малку ни недостасуваше медал во Токио. Затоа сигурно нема да ни недостига мотив во Грција. Свесни сме дека патот до Париз нема да биде лесно прво треба да ја чекаме Хрватска, па Нов Зеланд, а да не зборуваме за Грција со Јанис Адетокумбо и гласните грчки навивачи“, рече Дончиќ. 

ПретходноЈанев: Одигравме многу лош меч
СледноНовак ќе игра на Вимблдон!