Егоров ќе учествува на ОИ во Париз

255

Македонскиот борач Владимир Егоров доби покана за учество на Олимписките игри во Париз ова лето. Тој доби покана во категоријата до 57 килограми по изземањето на Аријан Тјутрин од Белорусија кој беше трет на Европските квалификации во Баку. Егоров на тој турнир за малку не успеа да обезбеди норма, по ете Меѓународниот олимписки комитет по разгледувањето кои руските и белоруските спортисти се подобни да учествуваат на Игрите како неутрални спортисти се отвори место и за нашиот борач.
Покрај Егоров покана добија уште тројца борачи, по еден од Италија, Украина и Полска.

ПретходноГатузо откри кој е најглупавиот играч кој го сретнал
СледноРакометарките поразени од Јужна Кореја, ќе играат за 15-место на СП