Познати се групите за женската ракометна Лига на шампиони во која Македонија ќе има две ракометарки. Сара Ристовска со романски Рапид Букурешт и Ива Младеновска со француски Брест Бретањ ќе бидат дел од групната фаза.
Ждрепката посака двете да играат во иста група заедно се некогашните прваци Вајперс, Будуќност, Ѓер, како и учесниците на Ф4 – Есбјерг и Лудвигсбург.
Група А:
Ференцварош, Мец, ЦСМ Букурешт, Крим, Стормхамар, Никобинг, Подравка, Глорија
Група Б:
Вајперс, Есбјерг, Будуќност, Лудвигсбург, Ѓер. Брест, Рапид, Одензе