Инцидент на тренингот на Франција, Дешамп и Камавинга во главна улога

3561

Репрезентацијата на Франција ќе игра во осминафиналето на Евро, а таму мина од втората позиција по неочекуваното реми со Полска во 3.коло од групата Д.
Мбапе ги доведе Французите во водство со голот од пенал во 56. минута и се чинеше дека Франција ќе победи на овој натпревар. Но, Левандовски со гол во 79. минута го постави конечниот резултат на овој меч. Така Австрија заврши прва, а Франција втора, па во осминафиналето за ривал ја добија Белгија.

Ремито со Полска предизвика одредени несогласувања во француската репрезентација. Угледниот „Л’Екип“ тврди дека денеска имало тензична дискусија меѓу Дидие Дешамп и Едуардо Камавинга.

По натпреварот, Дешамп на прес-конференцијата изјави дека нема реакција од играчите кои влегоа во второто полувреме, а меѓу нив беше и играчот од средниот ред на Реал Мадрид. Потоа во микс зоната објасни дека оние кои влегле на тревникот дале се од себе.

„Луѓето мислат дека е лесно да се излезе вака, но не е“, рече Камавинга.

Според францускиот весник, селекторот, се уште е лут поради ремито со Полска. На денешниот попладневен тренинг на отворено имало многу очигледни детали дека нешто се случило меѓу нив двајца и дека нешто треба да се разјасни.

Дешамп уште на стартот од тренингот, наводно, пришол до Камавинга со зборовите: „Подготвен си конечно, може да почнеме, или уште ќе се лизгаш?“, алудирајќи на изборот на копачки на Камавинга на мечот со Полска со кои постојано пролизгувал на теренот.

После тоа иако се изгледало нормално, сепак двајцата си размениле неколку зборови, кои не ја преминале границата.

Камавинга имаше два настапи на ЕП во првите три натпревари, но беше неефикасен. Двата пати влегуваше од клупата. Во првото коло на теренот мина 19 минути, а потоа седна на дербито со Холандија, а во ремито со Полска одигра 29 минути.

ПретходноТаткото не го отпушти синот: Строл останува во Астон Мартин
СледноПартизан во Алба ја најде замената за Пантер