Утринава се одиграа двата меча од 2.коло во групата – Б на годинашното издание на Копа Америка. Венецуела продолжува со добрите игри и ја забележа втората победа и тоа против Мексико со 1:0 со голот на Рондон во 57.минута од пенал. Па така оваа селекција веќе обезбеди пласман во следната фаза на ова натпреварување.
Селекцијата на Еквадор немаш никакви проблеми со Јамајка и славеше со 3:1. Уште во 12.минута Палмер си даде автогол за водство на Еквадор, следуваа головите на Паез од пенал во 45+4.минута за 2:0 и Антониот во 54.минута за 2:1.
Сепак Минда во 90+1.минута ги постави конечните 3:1 за Еквадор кој дојде до првата победа и до првите бодови во оваа група.