Кристијан Трапановски и официјално промовиран во Данди Јунјатед

714

Кристијан Трапановски е ново име во Дадни Јунајтед. Македонскиот фудбалер потпиша двегодишен договор со еден од најпознатите клубови во Шкотска со можност за продолжување на нови 12 месеци. Клуб кој во 80-тите години од минатиот век има играно во Скопје против Вардар на евросцената, во тогашната Куп на УЕФА.

„Многу сум среќен, ова е голема шанса за мене. Го имав првиот тренинг денеска, сите ми посакаа топло добредојде. Фудбалот е за навивачите и мислам дека ќе уживам во поддршката во Шкотска. Слушнав многу одлични работи за навивачите на Данди Јунајтед и едвај го чекам дебито“. 

Инаку Трапановски пред да дојде во Шкуи, го носеше дресот на Славија Прага, Татран Прешов, Подбрезова, Брера Струмица.

Интересно е тоа што Трапановски во Данди Јунајтед доаѓа на инсистирање на тренероот Џим Гудвин, кој пред две сезони го донесе Бојан Миовски од МТК во Абердин, кога тогаш беше стратег на овој клуб.

ПретходноНа Тиквеш ќе му суди Луксембуржанец, на Шкендија судија од Белорусија!
СледноХоланѓаните одиграле затворен контролен меч и примиле гол од аматери