По еден ден одмор, Светското првенство во женска јуниорска конкуренција кое се одржува во Скопје денеска продолжи. На програмата се четвртфиналните пресметки, како и оние за повисок пласман.
Македонската ракометна репрезентација ќе се бори за пласман од 13-то до 16-то место. Прв противник на избраничките на Дарко Јанев е селекцијата на Јужна Кореја, која пред две години се искачи на пиедисталот токму во Скопје.
Нашите девојки зад себе го имаат поразот од Црна Гора, меч во кој влегоа добро, а потоа полека потонаа. За да можат да го освојат барем 13-то место ќе треба прво да слават против Јужна Кореја, а потоа против Египет.
Денешната средба е закажана со почеток во 15:45 часот, а се игра во СЦ „Борис Трајковски“.