Младинскиот македонски репрезентативец, Марио Илиевски се врати во Бугарија. Тој денеска потпиша за тимот на ЦСКА 1948 каде дојде од Кишварда.
Илиевски беше дел од Септември Софија од 2019 до 2022 година. Во бугарскиот шампионат има одиграно 68 меча на кои постигна 29 гола и 15 асистенции.
Тој за селекцијата до 21 година има 30 настапи и шест голови. Од оваа година нема повеќе право да игра во младинската селекција.