На Тиквеш ќе му суди Луксембуржанец, на Шкендија судија од Белорусија!

287

Познати се и судиите за првите мечеви од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Имено на Тиквеш, кој се среќава со Бреидаблик во Скопје на 11 јули, ќе му суди Џереми Милер од Луксембург, негови помошници ќе му бидат сонародниците Јаник Менц, Том Хансен и Рикардо Мораис.

Шкендија својот прв меч на 11 јули го игра во Ерменија на гости кај Ноа. На таа средба правдата ќе ја дели Виктор Шимушик. Додека помошници ќе му бидат Сергеј Косовец, Антон Гусев и Антон Лашук, сите од Белорусија.

ПретходноМарио Илиевски потпиша за ЦСКА 1948
СледноКристијан Трапановски и официјално промовиран во Данди Јунјатед