Новак ќе игра на Вимблдон!

206

Убави, фантастични вести за фановите на најдобриот тенисер на сите времиња. Новак Ѓоковиќ ќе настапи на годинашниот Вимблдон ( 1 – 14 јули), барем според фактот дека тој се наоаѓа на листата на тенисери кои утре ќе ја очекуваат ждрепката. Србинот се наоѓа на позицијата втор носител.

Искрено денеска тој не го официјализираше својот настап, иако после тренингот со Јакин Синер рече дека се чувствува одлично и дека ќе биде се во ред.

Сепак организаторот во својата најава потврди дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Виблдон и тоа како втор носител. Да потсетиме дека на Вимблдон дури седум пати го освојувал пехарот.Image

ПретходноДончиќ: Секогаш ми е чест да играм за Словенија
СледноИмаме македонско дерби во женската Лига на шампиони!