Пелистер денеска ќе дознае каква сезона го чека во Лигата на шампиони

187

Актуелниот македонски првак, Пелистер денеска ќе добие противниците за групната фаза за Лигата на шампиони следната сезона. Битолчани преку вајлд-карта успеаја да останат во најсилното европско клупско натпреварување и секако да докажат дека претодната сезона во која не успеаја бод не е вистински одраз на силите.

Пелистер се најде во третиот шешир пред ждрепката заедно со Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг и Колштад.

Првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите ќе се игра на 11/12. септември 2024 година, а последното 14. коло е закажано за 5/6. март 2025 година.

Ждрепката е закажана во Виена со почеток во 17:30 часот.

ШЕШИР 1
Барселона (Шпа)
Магдебург (Гер)
Висла Плоцк (Пол)
Алборг (Дан)
Веспрем (Унг)
ПСЖ (Фра)

ШЕШИР 2
Фуксе Берлин (Гер)
Кјелце (Пол)
Фредериција (Дан)
ПИК Сегед (унг)
Нант (Фра)

ШЕШИР 3
Динамо Букурешт (Ром)
Загреб (Хрв)
Спортинг (Пор)
Колштад (Нор)
Е. ПЕЛИСТЕР (МКД)

ПретходноНа Квича му се оствари сонот: Го победи својот идол и го доби неговиот дрес! (ФОТО)
СледноШокантно: Од трибини се фрли по Роналдо, па пропадна во тунелот! (ВИДЕО)