Сега веќе е јасно дека Драган Стојковиќ Пикси е бивши. Најслабиот селектор во историјата на фудбалот, сепак и покрај катастрофалните резултати што ги со Србија и натаму е надмен и мисли дека со него се почнува и завршува во светот, поточно во неговата земја.
Имено по слетувањето на аеродромот во Белград, тој им се обрати на новинарите и присутните со следните зборови:
“Чекавте неуспех! Повелете, сега можете да навредувате, да плукате. Немојте да ги критикувате играчите, јас одговорен,јас ги носев одлуките. Чекавте на ова, ајде да не се лажеме“ покрај другото кажа Пикси.