Нема дилеми. Силен е овој Тиквеш, иако станува збор за пријателски мечеви,сепак тие се некој показател, секако. Имено попладнево во Охрид, Тиквеш со 2:1 го победи косовскиот Љапи, тим кој пред неколку дена среде Тетово ја совлада Шкендија со 2:0.
Ова за составот на Ѓорѓи Мојсов беше четврта победа во низа на вкупно петте пријателски средби во текот на овие подготовки.
Тиквеш поведе во 22.минута со голот на Спахиу, противникот израмни на 1:1 во 36.минута. Победничкиот гол кавадарчани го постигнаа во 75.минута преку Михаилов.
Јасно е дека Тиквеш во одлична форма ќе го дочека двомечот со Бреидаблик од 1.квалификациско коло во ЛК.