Ракометарките поразени од Јужна Кореја, ќе играат за 15-место на СП

127

Македонската женска јуниорска репрезентација не успеа да го добие дуелот со Јужна Кореја, беше совладана со 34-19 и утре ќе игра за 15-то место на Светското првенство. Противник на избраничките на Дарко Јанев ќе биде Кина.

Бојан Коцева со шест гола беше прв стрелец, три гола имаше Емилија Ризоска.

Оваа средба беше решена во првото полувреме, кое Јужна Кореја го доби со 17-10. Македонија само на стартот имаше кратко водство од еден гол (1-2, 2-3 и 3-4). Противникот со неколку кратки серии успеа да дојде на плус пет (10-5) за целосно превземање на контролата на дуелот.

На стартот на вториот дел Јужна Кореја поведе со 18-10 и најави дека оваа средба ќе има само едно сценарио. Ова беше потврдено нешто подоцна кога Македонија имаше двоцифрена негатива 27-15.

И на оваа средба останавме без уште една ракометарка, на средината на второто полувреме се повреди Хана Мифтари.

Инаку дуелот меѓу Јужна Кореја и Македонија го гледаше првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа во друштво на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и генералниот секратер, Филип Милошевски.

ПретходноЕгоров ќе учествува на ОИ во Париз
СледноФранцузинка на центарот на мечот Слован-Струга во ЛШ