Таткото не го отпушти синот: Строл останува во Астон Мартин

118

Канадскиот возач Ленс Строл го продолжи договорот со Астон Мартин. Неговиот клуб не ги наведе деталите од договорот но соопшти дека Строл ќе вози за екипата и во шампионатот „кога ќе стапат новите правила во Формула 1“ што значи и во 2026 година.
„Среќен сум што ќе остана во екипата и во 2025 година и после тоа“, наведе Строл.
Строл минатата сезона го освои 10. место во конкуренцијата на возачи, а најдобриот пласман му беше четврто место на трката во Австралија.
Неговиот клупски колега Алонсо во април го продолжи договорот на уште две сезони.
Инаку сопственик на Астон Мартин е Лоренс Строл, таткото на Ленс Строл.
Во меѓувреме и тимот на Алпине соопшти дека нивниот возач Пјер Гасли ќе остане најмалку до 2025 година.

ПретходноХоланѓаните одиграле затворен контролен меч и примиле гол од аматери
СледноИнцидент на тренингот на Франција, Дешамп и Камавинга во главна улога