Усама Хосни се врати во РК Пелистер! (ФОТО)

131

Раководството на РК Пелистер најави дека по само една сезона,  тунискиот репрезентативец Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на  Пелистер. 31-годишниот десен бек потпиша договор на една сезона и наскоро се очекува да дојде во Битола.

Хосни го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24, откако со Пелистер ја освои титулата сезона претходно. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар.

Претставувањето на Хосни во Битола е предвидено на стартот на подготовките, на крајот од месец јули.

May be an image of 1 person, playing soccer, playing football and text

Претходно“Бомба“: Јоаким Лев еден од кандидатите за селектор на Србија?!
СледноМакедонија против Јужна Кореја ја почнува битка за 13-то место на СП