Французинка на центарот на мечот Слован-Струга во ЛШ

378

Натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите помеѓу Слован и Струга во Братислава ќе го суди женски судија. На центарот ќе се појави Стефани Фрапар, француската фудбалска судијка.
Фрапар е со значката на ФИФА од 2009 година, а во 2019 година првпат судеше натпревар од машка конкуренција. Во 2020 година стана првата жена на фудбалски меч од Лигата на шампионите. Во 2022 година судеше и натпревари од СП во Катар.
Мечот Слован- Струга ќе се игра на 10 јули, а реваншот е на 17 јули.

ПретходноРакометарките поразени од Јужна Кореја, ќе играат за 15-место на СП
СледноЈанев: Одигравме многу лош меч