Португалија предводена од Кристијано Роналдо доживеа пораз од Грузија со 2:0 во последниот меч од групата Ф на ЕП 2024. Интересно, Роналдо првпат се соочува со Грузија, а неколку часови пред натпреварот интересна фотографија се појави на социјалните мрежи.
Во 2013 година Роналдо ја отвори фудбалската академија на Динамо Тбилиси. А во овој тим на Грузија има дури 11 фудбалери кои се продукт од споменатата академија.
Меѓу оние кои се фотографираа со португалскиот суперстар е Квича Кварацкелија, главната ѕвезда на грузискиот национален тим. Квича се пофали дека Роналдо му е идол, а тој го размени дресот со него и потоа ја доби наградата за најдобар играч на мечот.
Роналдо не постигна гол и првпат во кариерата му се случува да заврши групна фаза на некое големо натпреварување (ЕП или СП) без постигнат гол.
In 2013, the FC Dinamo Tbilisi Academy was inaugurated by @cristiano.
Today, 1️⃣1️⃣ Georgian players from the academy will meet Ronaldo again at the EUROs. What a story! 🇬🇪🤯 pic.twitter.com/YbSqoJUbl8
— 433 (@433) June 26, 2024