“Бомба“: Јоаким Лев еден од кандидатите за селектор на Србија?!

402

 

Зарем е можно? Јасно е дека Драган Стојковиќ Пикси е бивши, но за негов наследник се шпекулира со името на Јоаким Лев како еден од најсериозните кандидати за селектор на Србија. Ова утринава го најавуваат медиумите во Србија. Се споменуваат и уште неколку “домашни“ стручњци,но најголеми шанси му се даваат на некогашниот селектор на Германија кој на таа функција беше 15 години до 2021. Инаку Лев со Германија во 2014 година ја освои титулата светски првак на СП во Бразил.

Инаку досега во својата историјат селекцијата на Србија ја предводеле странски селектори и тоа Хавиер Клементе и Дик Адвокат, но без некој посебен успех.

Сепак ова со Лев навистина ќе биде “бомба“.

ПретходноШокантно: Од трибини се фрли по Роналдо, па пропадна во тунелот! (ВИДЕО)
СледноУсама Хосни се врати во РК Пелистер! (ФОТО)