Гатузо откри кој е најглупавиот играч кој го сретнал

5671

Поранешниот италијански репрезентативец, сега тренер на Хајдук, Џенаро Гатузо зборуваше за својата кариера како фудбалер и откри кој е, според него, најглупававиот фудбалер кој го сретнал во животот.
Во играчките денови имал бројни жестоки дуели, а еден му оставил впечаток. Тоа е данскиот играч за врска Кристијан Поулсен.
Се играше мечот Милан-Шалке. Тоа беше директен дуел за испаѓање или пласман понатаму. За нив играше Поулсен кој го вреѓаше целиот италијански народ. По секој дуел повторуваше: Италијанците се гомнари, Италијанците се копилиња…
Го оставив да зборува, а внатре горев од бес. Не ми беше јасно што му направиле Италијанците. Мечот заврши 3:2 за нас. На крајот неверојатно гласно му викав на Поулсен. Си помислив, ако дојдеш ќе те распарчам, ќе ти покажам што ти спрема Италијанец. Тој само го сврте прстот и се повлече“, изјави Гатузо.

Не знам зошто го правеше тоа. Можеби сакаше да бидам дисквалификуван, како што направи со Тоти на ЕП. Го оставив. Тој е најглупавиот играч со кој сум играл. Еден од оние кои со задоволство сакаш да ги треснеш за ѕид“, додаде Италијанецот.
На ЕП 2004 Поулсен го испровоцира Тоти кој го плукна и доби црвен картон.

ПретходноЗатворена кулата во Штутгарт од потенцијални италијански шпиони
СледноЕгоров ќе учествува на ОИ во Париз