Мега скандал: Вања Милинковиќ-Савиќ се степал во кафеана во Минхен со српски фан за време на ЕУРО!

790

Што ли се случувало во експедицијата на Србија на ова ЕУРО 2024? Тоа веројатно само Господ знае. Но, сега од ден на ден излегуваат сите скандали во селекцијата на Пикси.

Имено во пресрет на решавачкиот меч со Данска, Пикси им дал на своите избраници еден ден слободен. Секој од нив си го поминал како што сакал, а резервниот голман Вања Милинковиќ – Савиќ го  минал во кафеана каде направил мега скандал.

Во еден момент еден српски фан кога го видел Вања како седи во каефана, му предочил дека тој треба да биде во карантин, а не да пие по кафеани. На голманот ова не му се допаднало, почнала караницата а потоа Вања го удри навивачот.

Веднаш реагирало обезбедувањето, а се вмешал и сопственикот на кафеаната.

ПретходноАнгеловски: Ова е само една одговорност повеќе за сите нас да покажеме уште повисоко ниво во сите сегменти
СледноПријателска: Силен е овој Тиквеш, триумф и над Љапи!