Партизан во Алба ја најде замената за Пантер

666

Кошаркарскиот клуб Партизан го склопува мозаикот за наредната сезона. По ангажманот на Френк Ниликинa и Вања Маринковиќ, „црно-белите“ го свртеа вниманието кон Стерлинг Браун од Алба Берлин.
Тој би требало да го замени Кевин Пантер кој си замина од тимот.
Браун во претходната сезона во Евролигата во просек бележеше по 11,2 поени и 3,3 скокови што е одличен скор за млад играч кој ја одигра првата сезона во Европа.
Исто така Партизан е заинтересиран и за Брендон Дејвис од Валенсија и Исак Бонго од Баерн. Мали се шансите да им се приклучи Најџел Вилијамс-Гос.

 

ПретходноИнцидент на тренингот на Франција, Дешамп и Камавинга во главна улога
СледноСтајиќ се враќа во Пелистер?