Актуелниот македонски првак, Пелистер денеска ќе добие противниците за групната фаза за Лигата на шампиони следната сезона. Битолчани преку вајлд-карта успеаја да останат во најсилното европско клупско натпреварување и секако да докажат дека претодната сезона во која не успеаја бод не е вистински одраз на силите.
Пелистер се најде во третиот шешир пред ждрепката заедно со Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг и Колштад.
Првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите ќе се игра на 11/12. септември 2024 година, а последното 14. коло е закажано за 5/6. март 2025 година.
Ждрепката е закажана во Виена со почеток во 17:30 часот.
ШЕШИР 1
Барселона (Шпа)
Магдебург (Гер)
Висла Плоцк (Пол)
Алборг (Дан)
Веспрем (Унг)
ПСЖ (Фра)
ШЕШИР 2
Фуксе Берлин (Гер)
Кјелце (Пол)
Фредериција (Дан)
ПИК Сегед (унг)
Нант (Фра)
ШЕШИР 3
Динамо Букурешт (Ром)
Загреб (Хрв)
Спортинг (Пор)
Колштад (Нор)
Е. ПЕЛИСТЕР (МКД)