Холанѓаните одиграле затворен контролен меч и примиле гол од аматери

241

Холандија загуби од Австрија со 2:3 и како второпласирана селекција во групата отиде на мегдан со Романија во осминафиналето. Селекторот Роналд Куман и неговите помоошници се загрижени од тоа што го видоа од првотимците па одлучија да ги преиспитаат другите опции. Фудбалската федерација на Холандија набрзина организира затворена „контролка“ недостапна за медиумите и навивачите.

Противник им беше германскиот четвртолигаш Хавелсе. Мечот се играше 2х35 минути. Интересно е што голем дел од играчите на Хавелсе само што се вратиле од одмори веднаш ги повикале да го играат мечот.

Тие им дале гол на Холанѓаните, додуша два но едниот бил поништен. Холандија на крајот славела со 6:1. Вегхорст и Ван де Вен постигнале по два гола, а Броби и Фримпонг по еден.
Холандија ќе игра против Романија на 2 јули во Минхен.

ПретходноКристијан Трапановски и официјално промовиран во Данди Јунјатед
СледноТаткото не го отпушти синот: Строл останува во Астон Мартин