Од денеска и официјално, Дамјан Шишковски е нов член на шампионот на БиХ, тимот на Борац Бања Лука. Она што се најавуваше минатите денови, денеска и се оствари.
Борац го презентираше нашиот репрезентативен голман најавувајќи го како големо засилување.
Договорот е потпишан на една година, а во Борац ќе го дочека познат лик, а тоа е Себастијан Херера:
„Со Херера ме врзуваат кумовски врски. Од него добив информации за тоа што е Борац, секако се беше во суперлативи. Доаѓам во шампонска екипа, па секако дека целта е да се овој трофеј одбрани“ рече покрај другото македонскиот голман.