Болоња која ќе дебитира во Лигата на шампионите во новата сезона го претстави првото летно засилување. Станува збор за десниот бек на Шведска, Емил Холм кој доаѓа од Специја, а минатата сезона ја помина како позајмен во Аталанта.
Неофицијално, за Холм ќе бидат платени 7 милиони евра.
Болоња исто така се интересира за крилата на Унион Берлин, Робин Госенс и на Селта Виго, Јорген Странд Ларсен. Во меѓувреме клубот се обидува да го задржи Џошуа Зиркзе за кого има голем интерес.