Ламине Јамал иако има само 16 години блеска во дресот на Шпанија на ова ЕУРО. Сепак, тој за време на престојот со својата селекција во Германија имаше и дополнителни обврски, а тие беа дека мораше да полага испити од тековната година со оглед дека е само средношколец.
Јамал и тоа одработи па се пофали дека ги положил испитите:
“Ги положив испитите и сега има ЕСО титула. Последните оценки кои ги видов? Да бидам искрен, ги видов на телефонот, но откако се уверив дека сум положил ја затворив апликацијата и веднаш и се јавив на мојата мајка да и кажам“ рече покрај другото Јамал.
Секоја чест за овој тинејџер.