Членот на делегацијата на Италија, легендарниот Џиџи Буфон изјави дека двајца играчи го импресионирале на ЕП во Германија и откри четири работи од кои е задоволен во италијанската репрезентација.
„Ги ценам нашата пожртвуваност, идентитетотот, карактерот и нашиот голман“, одговори Буфон во врска со позитивните работи во Италија.
„Момците решително и со срце се соочија со предизвиците. Многу ми се допадна работата на нашиот тренер. Морам да кажам дека се трудиме да го достигнеме својот врв. Сè уште не сме стигнале, но притискаме да стигнеме таму.
Задоцнетиот гол против Хрватска, може да биде пресвртница. Можеме со надеж да пристапиме на многу тежок меч против Швајцарија. Можеме да го искористиме адреналинскиот налет и ентузијазмот што ни ги даде тој натпревар“, додаде голманот.
Освен италијанските играчи, кои фудбалери досега го изненадија легендарниот голман на ЕУРО 2024?
„Навистина бев изненаден од шпанските момци (Ламин Јамал и Нико Вилијамс). Ги познавав, но никогаш не сум ги видел лично како играат; очигледно имаат нешто посебно“, рече тој.
„Од она што го видов на телевизија, Германија има таленти кои нудат надеж за иднината. Португалија има силен тим, а Франција има многу искусен селектор и одлични поединци“, сподели Буфон.
Конечно, Буфон ги сподели своите размислувања за Донарума и Јан Зомер кои утре треба да бидат двајца клучни играчи за Италија и Швајцарија.
„Донарума ни е од голема помош на овој турнир. Тој игра одлично и со него Италија може да направи нешто. Зомер во последните години речиси постојано игра на топ-ниво. Тој прерасна во еден од најдобрите голмани на светот. Исто така видов и други добри голмани на ова ЕП. Ме изненади оној на Грузија (Гиорги Мамардашвили), ми се допадна и на Хрватска (Доминик Ливаковиќ)“, додаде екс-фудбалерот на Јувентус.