Ван Дајк: Ако не ја подобриме играта нема што да бараме на ЕП

106

Капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк ги предупреди своите соиграчи во пресрет на нокаут фазата од ЕП 2024. Фудбалерот на Ливерпул посочи дека тимот мора да ја подобри играта во спротивно ќе се соочи со елиминација.
Холандија загуби од Австрија со 3:2 во последното коло од групата, но се пласираа понатаму затоа што беа една од најдобро третопласирани селекции.
Ги разбирам критиките. Не сум глупав, знам и дека можам подобро и дека морам да бидам подобар и на тоа работам. Не го одиграв мојот најдобар натпревар против Австрија. Тоа навистина влијае на мене. Работите во целина можат и треба да бидат подобри, но јас прво гледам на себе дека можев многу повеќе да придонесам за тимот“, изјави Ван Дајк.

Тимот доби одмор во четвртокот, но денеска ги продолжи тренинзите за да се подготви за следниот натпревар против Романија во Минхен во вторник.
Можеби се преценуваме. Многу може да се каже и моравме да направиме многу анализи. Работите тргнаа целосно наопаку против Австрија. Беше многу лошо. Разговаравме за многу аспекти во играта и сега треба да покажеме подобрување“. , додаде капитенот на тимот.

Но, Ван Дaјк е на мислење дека нема место за паника по слабата претстава.
Тоа беше повеќе како повик за будење, но треба да ни е јасно дека ако продолжиме вака, нема што да бараме на ЕП. Ова мора брзо да се промени, инаку ќе седиме дома и ќе анализираме што можеше да биде. Не сакаме тоа“, рече тој.
Во осминафиналето Холандија ќе игра со Романија.

ПретходноАдаму е нов играч на црвено-црните: Се израдував кога ја видов понудата на Шкендија
СледноМарковски ќе суди на У-19 ЕП!