Во пријателски меч младинците подобри од Словачка!

102

Нашиот национален тим „Под 20“ години, ја реализира првата победа во подготвителниот период, подобри од Словаците, со резултат (60:53)

Од самиот почеток на овој контролен натпревар, трет за време на подготовките на нашиот национален тим „Под 20“ години во текот на подготовките, Македонија воспостави резултатска доминација.

МАКЕДОНИЈА (У20) – СЛОВАЧКА (У20)        60:53

Во воведниот период, односно по осум минути игра, поведовме со двоцифрени (19:9), за на истекот на десеттата минута да водиме, но со нешто пониска разлика (20:14).

Во најголем дел од втората четвртина, не многу ефикасна, нашите младинци ја чуваа таа позитива. Сепак, гостите од Словачка подобро се снајдоа во средишниот дел од втората четвртина. А во 17.минута, стигнаа и до нерешен резултат (23:23).Имавме подобар финиш на првото полувреме, односно три минути во кои со серијата од (7-0) успеавме да го вратиме водството, и на одмор Македонија да има сосема солидни (30:23), во кои Јовановиќ „учествуваше“ со реализација на 11.поени.   

А по оние 15 минути предвидени за одмор, подобар почеток на Словачка, селекција која со серија од (11-2), за четири минути гопстите успеаја за прв пат и да поведат (34:32).

Но само за кратко, затоа што нашите млади кошаркари не дозволија и нешто повеќе од тоа. Иако доста тешко се реализираа поени, на крајот на третиот период, Македонија водеше, сега со (40:37).

По четири одиграни минути во четврттата четвртина, Словачка имаше плус 4 (48:44). Но уште еднаш „го свртевме“ резултатот. Уште еднаш, одново со серија од седум поени, за ново враќање на водството (51:48), на 4:22 минути до крајот.

Ја продолживме таа серија на поентирање, за да имаме уште повисоки (55:48), и само две минути до истекот на „контролата“.

На крајот на оваа трета „контрола“ во периодот на подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „А“ во Гдиња, поентерски, во нашиот национален тим „Под 20“ со 20.поени се издвои Јовановиќ, Стојаноски беше стрелец на 12.поени (на кои додаде и осум скока), Шошкиќ додаде седум.

Инаку, двете селекции ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар. Закажан е за 30.јуни (недела), на истото место, во салата на СРЦ „Кале“, но во нешто поран термин – 13.часот.

ПретходноСуперкомпјутерот на ОПТА покажува – Англија и понатаму е фаворит за титулата
СледноУЕФА ги “одра“ Хрватите со казна од 105.000 евра!