Утре стартува нокаут – фазата, нема веќе поправен, освен Хрватска сите фаворити се тука. Сега е време за анализи што се случуваше на мечевите од групната фаза, кој блескал а кој разочарал.
Престижната италијанска “Газета“ објави два состави, прво единаесет играчи кои покажале најмногу, а потоа и единаесет играчи кои биле разочарување.
Ова се единаесет најдобри во групната фаза:
Мамардашвили (Грузија), Кимих (Германија), Пепе (Португалија), Кукуреља (Шпанија), Калафиори (Италија), Канте (Франција), Фабиан Руиз (Шпанија), Сабитцер (Австрија), Мусиала (Германија), Нико Влијамс (Шпанија), Микаутадзе (Грузија).
Ова се единаесет играчи кои разочараа во групната фаза:
Ливаковиќ (Хрватска), Ди Лоренцо (Италија), Антонио Силва (Португалија), Портеус (Шкотска), Робертсон (Шкотска), СМС (Србија), Брозовиќ (Хрватска), Дембеле (Франција), Гризман (Франција), Белингем (Англија), Влаховиќ (Србија).