Де Ла Фуенте: Грузијците сега „пукаат“ од самодоверба, мора да бидеме внимателни

136

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте ги сподели своите очекувања за натпреварот со Грузија во 1/8-финалето на Евро-2024.

„Имаме најголема почит кон тимот на Грузија. Овој тим игра одличен турнир, ја победи Португалија. Ќе треба да ја покажеме најдобрата верзија од себе за да имаме шанса да се пласираме во четвртфиналето. Нивните играчи многу брзо излегуваат во контранапади. Ќе треба да бидеме крајно претпазливи. Искуството од учеството во првата фаза, самодовербата и мотивацијата што се појавија по победата против Португалија, ги прават поопасни“, вели Де ла Фуенте.

Натпреварот меѓу Шпанија и Грузија ќе се одигра на 30 јуни во Келн.

ПретходноЃоковиќ тргнува како втор носител на Вимблдон, со Алкараз и Синер би играл дури во финале!
СледноКаланоски ново засилување за Брера