Поранешниот репрезентативец на Франција, Криштоф Дугари зборувајќи за претстојниот дуел на „триколорите“ против Белгија, немаше пофални зборови за ривалите.
„Оваа Белгија е слаба. Беше болно да се гледаат досега. Според мене, тие не се ништо. Секако дека имаат индивидуално силни играчи, но не гледам од што треба да се плашиме. Ако не можеме да ги победиме овие Белгијци, нема што да бараме на ЕП. Ги разбирам белгиските навивачи кои се разочарани. Нивната игра ми изгледа досадна. Немаат брзина, агресија“, рече Дугари.