Изненадувачки Пабло Ласо си замина од Баерн (М)

185

Германскиот кошаркарски гигант Баерн изненадувачки остана без тренер. Иако сметаа дека Пабло Ласо ќе остане долго време на чело на клубот, тој утрово најави заминување.

Во Минхен веројатно не можеа ни да замислат дека летово ќе мора повторно да излезат на пазарот и да бараат тренер, но Пабло Ласо ги принуди на тоа одлучувајќи да се врати во Шпанија поради семејни причини.

„Личните причини на Пабло доаѓаат неочекувано за нас, но мораме да го почитуваме како тренер и човек, а сега можеме само многу да му се заблагодариме за работата и посветеноста минатата, успешна сезона. Не му посакуваме ништо помалку од најдобро за иднината“, изјави Марко Пешиќ, директор на Баерн Минхен.

Ласо успеа да ја освои двојната круна во Германија со Баерн, но во Евролигата тимот не се пласираше во ТОП 8 фазата.

ПретходноБуфон: Двајца играчи ме импресионираа на ЕП
СледноТимовски се врати во Силекс