Каланоски ново засилување за Брера

202

Искусниот напаѓач Антонио Каланоски e новото име во редовите на струмичка Брера. 30-годишниот фудбалер потпиша договор за следната натпреварувачка сезона, откако во последната сезона настапуваше за Силекс.

Станува збор за фудбалер кој игра во нападот и зад себе има огромно искуство во повеќе македонски клубови.

Каланоски во Силекс последната сезона одигра 31 натпревар и постигна девет погодоци.

„Честа е голема да се облече дресот на Брера и се надевам дека наредната натпреварувачка сезона ќе биде успешна како за мене така и за целиот тим и клуб“, изјави Каланоски.

ПретходноДе Ла Фуенте: Грузијците сега „пукаат“ од самодоверба, мора да бидеме внимателни
СледноПромоција: Дамјан Шишковски на голот на Борац Бања Лука!