Копа Америка: Меси нема да игра против Перу, ќе се рехабилитира до четвртфиналето

66

Главната ѕвезда на аргентинската репрезентација и воопшто на Копа Америка оваа година, Лионел Меси ќе мора да оди на нови лекарски прегледи поради повреда добиена на натпреварот против Чиле (1:0), објави новинарот Гастон Едул.

Меси почувствувал болка во бутот, но остана до крајот на натпреварот против Чиле. Се очекува 37-годишниот Аргентинец да му се приклучи на тренингот на тимот попладнево. Меси нема да игра против Перу, бидејќи нема да ризикува со евентуалното учество во четвртфиналето на Копа Америка.

Натпреварот против Перу ќе го пропушти и Маркос Акуња, кој чувствува непријатност во мускулите.

ПретходноИсторија во НБА: Леброн и синот ќе играат заедно во ЛА Лејкерс
СледноФоден се врати во репрезентацијата, ќе игра против Словачка