Копа Америка: Уругвај со „петарда“ до четвртфинале, Панама ги изненади САД (ВИДЕО)

175

Фудбалската репрезентација на Уругвај направи решавачки чекор кон директните елиминации во Копа Америка по фантастичната победа од 5:0 против селекцијата на Боливија. Со оваа победа, избраниците на Марсело Биелса се најдоа на врвот во групата Ц.

Тоа речиси сигурно значи дека рекордерите на турнирот продолжуваат понатаму, бидејќи имаат три бода повеќе пред второ и третопласираните САД и Панама, а форматот на натпреварувањето ги фаворизира тимовите со подобра гол-разлика.

Факундо Палистри го отвори резултатот во 8. Минута, а малку подоцна, во 21. минута, Дарвин Нуњес зголеми на 2:0. Третиот гол беше постигнат во 77. минута кога Максимилијано Араухо погоди за 3:0, а во 81. минута Федерико Валверде ја испрати топката во долниот лев агол за 4:0. Петтиот гол беше постигнат на минута пред истекот на регуларното време, а стрелец беше Бентанкур.

Панама направи изненадување совладувајќи ја селекцијата на САД со 2:1.

Бурната битка во групата Ц во Атланта ги остави двете селекции со по 10 играчи.

Балогун донесе водство за САД со удар од работ на шеснаесетникот во 22 минута, но Панама се врати само неколку минути подоцна по ударот на Цезар Блекман за 1:1.

На седум минути до крајот, Хозе Фајардо постигна гол за 2:1 и победа на Панама.

ПретходноСтајиќ се враќа во Пелистер?
СледноИсторија во НБА: Леброн и синот ќе играат заедно во ЛА Лејкерс