Македонската женска јуниорска репрезентација денеска го игра последниот натпревар на Светското првенство кое се одржува во Скопје. „Црвено-жолтите“ ќе се борат за пласман на 15-то место, а за противник ја имаа селекцијата на Кина, дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток 15:30 часот.
Избранички на Дарко Јанев имаа шанса да дојдат до подобар пласман, но испуштија шанса, особено на дуелот против Португалија, меч на кој имаа четири гола разлика, а потоа мораа да бидат задоволни со реми.
После оваа среда беа поразени од Црна Гора, па дојде поразот од Јужна Кореја.
На овој шампионт Јанев не можеше да смета на неколку ракометарки поради повреди, но истовремено Македонија доби во името на Чурлиновска, Стефаноска, Коцева…
Денеска се игра полуфиналето, а таму силите ќе ги одмерат Холандија – Унгарија (18 часот) и Франција и Данска (20:30).