Младинките загубија од Кина и завршија на 16. место на СП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

192

Женската младинска репрезентација на Македонија на последниот натпревар на Светското младинско првенство во Скопје загуби од Кина со 25:23 и се пласираа на 16. позиција во генералниот пласман.
Неизвесно беше некаде до 45 минута, а потоа Кина постојано ја држеше разликата на еден или два гола за на крај да слави победа. Kај Македонија, Емилијана Ризоска имаше одличен меч со 11 гола.

Македонија на ова СП запиша две победи во групата (над САД и Ангола), одигра реми со Португалија, а беше поразена од Исланд и во разигрувањето за пласман загуби од Јужна Кореја, Црна Гора и Кина.

ПретходноХамшик раскажа случка со македонски навивачи (видео)
СледноЈанев: Жалам што не победивме за крај, ја загубивме енергијата и концентрацијата во вториот дел