Нема ден, поточно нема час да не “излезе“ некоја афера, скандал во српскиот фудбал. По целата онаа сага околу Пикси, вечерва медиумите во Србија “извадија“ нов невиден скандал. Ако е тоа навистина точно, тогаш тоа е голема, невидена брука.
Имено фудбалерите како Тадиќ, Митровиќ, Влаховиж и останатите одбиле да ги земат премиите од по 100.000 евра за пласман на ЕП, и побарале тие пари да им се дадат на оние вработени во Фудбалскиот сојуз на Србија кои се слабо платени, оние од најниските ешалони, како хигиеничарки, луѓето кои се задолжени за одржување на терените и слично.
Тоа го направиле откако виделе дека челниците на ФСС си земале по 100.000 евра, исто толку колку што тие требало да земат. Се пишува дека и финансиската директорка на ФСС си земала 45.000 евра.
За Пикси не се кажува што направил, иако се знае одамна дека тој за пласманот на ЕУРО требаше да биде премиран со 1,1 милиони евра.