Нема веќе дилеми. Новак Ѓоковиќ не само што ќе учествува на претстојниот Вимблдон (01-14 јули), туку ќе атакакува и на својата осма титула на најголемиот гренслем турнир во светот на тенисот.
Прво Србинот на социјалните мрежи испрати моќна порака која гласеше :„ Одиме Вимблдон“, за да потоа во егзибициски меч како тест пред стартот на турнирот го победи Данил Медведев со 2:0 во сетови.
Сето ова е доказ дека најдобриот тенисер во историјата е максимално спремен и покрај тоа што пред неколку недели беше подвргнат на оперативен зафат на коленото.
Novak Djokovic and Daniil Medvedev delivering the goods at the @Tennis_Classic
Medvedev wins a terrific cat & mouse exchange
Djokovic: “You really want to test my knee today, right?”🤣 pic.twitter.com/BZoKnno44t
— TennisONE App (@TennisONEApp) June 28, 2024